На кружниот тек на булеварот Туристичка во Охрид, кај Мини маркет, синоќа се случи тешка сообраќајна несреќа во која според последните неофицијални информации едно лице загинало.

Автомобил марка Голф 7 излетал од коловозот и удрил во маж и жена кои се движеле по тротоарот, објави Шило Магазин.

– Жената починала на лице место, додека мажот со тешки повреди е пренесен во болница, објави порталот.

Инцидентот го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

– Според првичните неофицијални информации до несреќата дошло кога автомобил од засега непознати причини изгубил контрола, преминал преку кружниот тек и излетал од колововозот на спротивната лента, при што удрил во двајца пешаци, истакна Димоски.