48-годишен маж, кој бил во Грција на одмор во Илијас, попладнево починал на одделот за интензивна нега во болницата во Пиргос, објавија грчките медиуми.
– Имаше неподносливи болки во ногата. Во особено критична состојба беше интубиран на одделот за интензивна нега во болницата Пиргос. Тој почина во четвртокот попладне во Општата болница во Пиргос, каде во критична состојба е хоспитализиран 48-годишниот маж кој бил каснат од инсект, најверојатно пајак, објавија медиумите.
Според информациите, несреќниот маж бил интубиран на одделението за интензивна нега, во особено критична состојба.
48-годишникот, кој бил во Илијас на одмор, го добил убодот без да сфати, како што им рекол на лекарите. Тој, всушност, поради болките во ногата отишол на преглед кај приватен ортопед, кој го упатил во болница.
Првичната слика на 48-годишникот не предизвикала никаква загриженост, но лекарите сепак го примиле во болница. Вчера напладне состојбата брзо му се влошила и тој починал попладнево и покрај напорите на лекарите да му го спасат животот.