Соседна Грција е шокирана од веста за смртта на 15-годишно момче, кое настрада паѓајќи од покривот неговата куќа, пред очите на татко му.

Инцидентот се случил додека 15-годишникот работел со својот татко на покривот од петкатницата, каде што се наоѓа семејниот стан.

Од засега непозната причина изгубил рамнотежа и се нашол во празнина.

На местото веднаш излегле спасувачите од ЕКАВ и противпожарната единица.

– Веќе беше доцна. 15-годишникот бил пренесен во Универзитетската општа болница во Александрополис без свест и таму била констатирана смрт, објавија грчките медиуми.