Малолетник починал денска во несреќен случај на островот Хвар. Според првите информации момчето починало од струен удар, пренесуваат хрватските медиуми.

Околу 14 часот и 45 минути била повикана итна помош бидејќи во дворот од семејната куќа најверојатно од струен удар бил повреден малолетник. За жал, тој од повредите починал на местото на настанот.

Слободна Далмација неофицијално дознава дека момчето е австриски државјанин и дека на Хвар било на одмор со семејството.

Струјниот удар наводно се случил додека момчето се туширало под надворешниот туш во дворот од куќата што ја изнајмиле за одмор.