Слон во „паника“ уби шпанска туристка во Тајланд. 22-годишната жена била погодена од забот на стресното животно во центар за нега на слонови во провинцијата Фанг Нга.
„Туристката беше убиена додека капеше слон“, рече Јаран Бангпрасерт, началник на локалната полиција, цитиран од АФП.
Властите ја контактирале шпанската амбасада за да го потврдат идентитетот на жртвата, 22-годишната Бланка Гарсија.
Двојката влегла во водата заедно со уште 18 лица. Едно од животните одеднаш почнало да напаѓа. Според тајландски извори, Гарсија била избодена со заб.
Дивите слонови досега убиле 227 луѓе, вклучително и туристи, во изминатите 12 години, според Одделот за национални паркови, дивиот свет и заштита на растенијата.
Минатиот месец слон уби 49-годишна жена во национален парк во провинцијата Лоеи во северниот дел на Тајланд.
Капењето слонови е популарна активност меѓу посетителите во Тајланд, каде што околу 2.800 слонови се чуваат за туристички цели низ целата земја. Цената на атракцијата е околу 100 евра.
Сепак, групите за заштита на животните велат дека капењето на слоновите може да им предизвика голем стрес, а некои светилишта во земјата не го дозволуваат тоа.