Младата Марина Масиа (28) денеска го загуби животот во необична несреќа што се случи на една од најпопуларните плажи на Сардинија, јавуваат италијанските медиуми.
Таа починала кога дрво се откорнало од карпа и паднало врз неа на плажата во одморалиштето Баунеи, во регионот Ољастра, јави агенцијата Анса.
На повредите им подлегнала 28-годишна девојка од Нуоро, додека екипата на итната помош која пристигнала со хеликоптер се обидела да изврши реанимација.