Исчезнувањето на 43-годишната Катарина во Словачка веќе беше многу чудно, но откривањето на нејзиното тело и условите во кои беше пронајдено ја направија истрагата уште покомплицирана. Полицијата се сомнева дека некој ја убил.
Катарина исчезна без трага на крајот на јули. Меѓутоа, потрагата по неа е започната дури неколку дена подоцна, бидејќи никој не сфатил дека исчезнала. Нејзин пријател мислел дека е во куќата на нејзините родители, додека родителите мислеле дека е кај пријател.
– Катарина имаше постојано живеалиште во Тренчин, но долго време живееше со пријател во тренчинска Митица во неговата куќа. Непосредно пред да исчезне, тие беа заедно во неговата куќа. Утрото, кога се разбудил, таа не била таму и не му кажала каде отишла, барем така тој ѝ рекол на мајка ѝ кога ја сретнал во самопослуга четири дена подоцна, изјави за медиумите семеен пријател.
Тој додал дека пријателот не ја барал Катарина и сфатил дека ја нема дури откако зборувал со нејзината мајка.
Полицијата веднаш започнала потрага, но не била успешна. Нејзиното тело го пронашле случајни минувачи повеќе од еден месец подоцна.
Дали Катарина била убиена?
“Телото на никаков начин не беше скриено. Лежеше на земја, потполно гола, едната рака и беше под глава. Полицијата ја пронашла нејзината облека на околу 50 метри. До нејзиното тело биле фрлени многу цигари”, изјавил сведокот.
Тој претпоставува дека Катарина починала истиот ден кога исчезнала, но истрагата допрва треба да го потврди тоа.
И семејството верува дека некој ја убил, додека полицијата го истражува случајот како убиство. Нејзината сестра Даниела изјавила дека ова низ што минуваат е страшно.
„Знаеме дека во последно време се дружеше со чудни, невработени луѓе. Но, тоа не мора да значи ништо“, додала Даниела.
Полицијата потврди дека телото е на исчезнатата 43-годишна жена, но дека засега не можат да дадат повеќе информации.