Бугарската агенција БГНЕС денеска објави фотографија од транспарент на вчерашниот ракометен натпревар во Битола, меѓу екипите на Пелистер и Вардар, нарекувајќи ги „цинични и вулгарни против Бугарите”.

– И покрај сериозното полициско присуство, ниту еден службеник за спроведување на законот не се обиде да ги отстрани или побара симнување на транспарентите. Досега ниту спортската федерација ниту Агенцијата за спорт не го осудиле чинот. Немаше реакција од политичките партии, како и од МНР на Бујар Османи, објави БГНЕС.

Агенцијата објави и фотографија од еден од транспарентите на кои пишува: „Уште пред 20 го уништивме Радко, сега вие ко п…и спиете слатко“.

БГНЕС коментира дека начинот и стилот на пишување на транспарентите потсетуваат на оние со кои беа изработени антибугарски транспаренти при посетата на бугарската делегација на Битола на отворањето на Центарот за култура на Здружението „Иван Михаилов“ пред две недели.

Во делот од салата каде што беа сместени навивачите на РК Вардар, Комитите, беа објавени два сета транспаренти чии пораки се однесуваа на клубот отворен во Битола во чест на фашистичкиот соработник Иван Михајлов, а беа упатени кон навивачката група Чкембари.

,,Уште пред 20 години го уништивме Радко а сега вие како пич.. спиете слатко”, преку транспарент им порачаа Комитите на Чкембарите.

На друг помал транспрент Комитите објавуваат насловна страница од венскиот Вест со наслов ,,Не дозволуваме срее Скопје да не прават Бугари”.

Радко е прекарот на Иван Михајлов чии поддржувачи пред две децении за време на прослава на местото на убиството на Мара Бунева беа нападнати од Комитите.

На вториот транспарент навивачите на Вардар на своите колеги од Битола користејќи стихови од популарна бугарска песна, им порачаа: ,,Не сте безгрешни но сте истински”.

БГНЕС потсетува дека Радко е првото бугарско здружение во РСМ и е наречено според еден од псевдонимите на Иван Михаилов.