Семејството Шасивари од Слатино е во жалост. Психолошката состојба на членовите на семејството е многу тешка, по трагедијата што се случи пред 2 дена, кога мајката и ќерката беа пронајдени мртви, од труење со храна. АЛСАТ се обиде да стапи во контакт со членовите на семејството, но поради тешката состојба тие одбија контакт со медиумите.
Соседите на семејството продолжуваат да ги посетуваат за да понудат макар и мала помош. И од локалната заедница соопштуваат дека покрај сочувство понудиле и институционална помош. Судбината на таткото и синот се уште е нејасна; 9-годишниот син се уште е на згрижување во психијатриската болница во Скопје. АЛСАТ се обиде да добие став за состојбата на малолетникот, а и што ќе се случи со него.
Како што дознава АЛСАТ, се уште не се знае дали детето ќе му биде доверено на Социјалниот центар, или ќе му биде вратено кај таткото, кој исто така е во тешка психичка состојба. Трагедијата во семејството Шасивари од Слатина се случи пред 2 дена, кога без знаци на живот беа пронајдени 36-годишна сопруга и 4-годишната ќерка.