Нов Зеланд го погоди земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил во областа Ешбертон Лејкс во Кентербери, на околу 120 километри западно од Крајстчерч, на длабочина од 10 километри, пишува „Дејли мејл“.
– Tоа не беше само лесен потрес – изјави фармерот Крег Хикман на социјалната мрежа Икс (Твитер).
Земјотресот го почувствувале илјадници Новозеланѓани, вклучително и оние во Крајстчерч и Данедин, 300 километри јужно. Земјотресот, најголемиот во земјата оваа година, се случи во 9:14 часот по локално време (доцна синоќа по средноевропско време) во близина на Џералдин на фокусна длабочина од 10 километри.
GeoNet соопшти дека повеќе од 14.000 луѓе пријавиле дека го почувствувале потресот, некои дури на север до Окленд на Северниот остров.
Сара Хуси, фармер блиску до епицентарот, рече дека земјотресот бил посилен од другите што ги памети. Според очевидци, земјотресот траел подолго од 60 секунди.
Разорниот земјотрес во Крајстчерч во 2011 година, во кој загинаа 185 луѓе, имаше сличен профил – магнитуда од 6,2 степени на пет километри под земја – но многу поблиску до најголемиот град на Јужниот Остров.