Три авиони кружат на македонското небо и не може да добијат дозвола за слетување поради силно невреме кое вечерва ја зафати скопската котлина.
Авион на Виз Аир од Ајндховен за Скопје повеќе од половина час кружи над Росоман и Прилеп и не добива дозвола за слетување на скопскиот аеродром поради силно невреме.
Исто авион на Виз Аир од Берлин не може да слета во Скопје па кружи кај Плетвар.
Авионот пак од Атина кој во 20:45 требаше да слета во Скопје по серија на кругови, најверојатно е пренасочен кон Солун. И тој не успеа да слета на скопскиот аеродром.
Доцни со полетување и авионот на швајцарската Edelweiss Air од Скопје за Цирих.
Други летови пак кои транзитираат низ Македонија, имаат измените рути одбегнувајќи ја околината на Скопје поради силното невреме.