Ако одите на одмор во Грција на 2, 15 или 28 август, „опремете“ се со трпение, бидејќи тие денови се очекуваат особено големи гужви во Македонија и самата Грција, пишувааѕ утрово срспките медиуми.
Кога се во прашање неработните денови, а особено продолжените викенди за македонските граѓани, вообичаено е голем број граѓани да го користат тоа време за посета на Грција. Тие денови има поголема гужва на граничните премини меѓу Македонија и Грција. Во август првиот неработен ден е за Денот на Републиката, односно Илинден, 2 август. Вториот неработен ден носи уште еден продолжен викенд бидејќи Голема Богородица се паѓа на 28 август, понеделник, пишува грчко инфо.
Исто така, избегнувате го и 15-ти август, кога во Грција е неработен ден и се лави празникот Успение на Богородица или Успение на Пресвета Богородица низ Грција. Гужвата е голема на сите патишта, а во одморалиштата тие денови слободно сместување не може да се најде ниту за една ноќ.
Инаку, метежот на граничните премини во август е особено голем за викендите. Досегашната практика покажа дека најголема гужва има најмногу во петок и сабота (влез во Грција) и недела и понеделник (излез од Грција), потоа на 1 и 15 во месецот и во продолжените викенди во Македонија. Но, доколку истите овие денови после 18 часот се најдете на Евзони и Богородица, ќе треба да почекате многу кратко да поминете.
Праксата покажува и дека најверојатно ќе имате пократко чекање доколку се појавите на влезот во Грција во текот на ноќта – најдоцна до 3 часот наутро. Од друга страна, ако е можно, избегнувајте да пристигнувате во Евзони во шест или седум часот наутро. Во тоа време има смена на цариници и полицајци и може да се случи да чекате околу половина час да се заврши смената и покрај тоа што нема гужва.