Девојката (20) која на 31 декември минатата година беше ранета од огнено оружје, синоќа починала во Општата болница во Чачак, соопштија од таа здравствена установа.
Таа на 31 декември околу 13 часот била примена во болница со повреда на главата од огнено оружје.
Од ЈП Чачак тогаш соопштија дека се работи на расветлување на сите околности на настанот.
-Девојката е примена во Општата болница во Чачак со тешки прострелни рани. Лекарите се борат за нејзиниот живот – беше објавено тогаш.
Не е познат точниот мотив на трагедијата, а како можност се споменуваше и обид за самоубиство.