Тројца жители на Скопје, кои персоналот на кафеана во населбата Аеродром одбил да ги послужи со образложение дека не работат, доцна синоќа го искршиле инвентарот во угостителскиот објект, соопшти полицијата.

„На 23.01.2022 во 02,15 часот било пријавено дека во угостителски објект во населба Аеродром, Скопје, Д.М. (37), И.М. (32) и Ц.Б. (51) сите од Скопје, го нарушиле јавниот ред и мир со тоа што кршеле инвентар, затоа што откако побарале да бидат услужени им било речено дека објектот не работи“, се вели во полициското соопштение.

По целосно расчистување на случајот, против тројцата ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од МВР.