Во несреќа што се случи во супермаркет во изградба во Фиренца, загинаа тројца работници, а три лица се водат како исчезнати. Уште три лица се извлечени живи од под урнатините и веднаш се пренесени во болница.

Немилиот настан се случил денеска околу 9 часот, а според првите информации до трагедијата дошло кога бетонската греда, која го потпирала подот, се урнала и паднала врз работниците.

Во моментот на несреќата работниците работеле на монтажа на монтажни објекти. На местото на настанот пристигнале неколку противпожарни бригади, како и полициски и екипи на брзата помош. Жителите падот на бетонската греда го опишаа како „бомба“.

“Бев дома, се туширав. Слушнав силна бучава и истрчав да видам. Слушнав плач на работници кои бараат помош”, вели еден од жителите.

“Се чувствуваше како земјотрес. Потоа се слушнаа крици за помош. Беше страшно”, рекол сопственикот на локалниот бар.

Слушнавме повици за помош, очајни и збунети гласови“, велат работниците кои ја чистеле улицата во моментот на несреќата.

Претседателот на регионот Тоскана, Еугенио Џани, на социјалните мрежи објави дека во падот учествувале осум лица, а подоцна е потврдена смртта на неколку работници.

На градилиштето на супермаркетот дошло до големо пропаѓање на еден од главните бетонски столбови“, велат пожарникарите кои интервенирале.