Тешка сообраќајна несреќа се случила на патот меѓу Бечеј и Бачко Градиште во соседна Србија кога директно се судриле два автомобила.

Во несреќата три лица загинаа, а исто толку се тешко повредени. Според неофицијалните информации на „Блиц“, во директниот судир учествувале два автомобили, „цитроен“ и „голф“.

На местото на несреќата има лекари од Итна помош, припадници на противпожарната единица и полициски службеници кои вршат увид.

Според последните информации, во несреќата загинале три лица, а меѓу повредените има и двајца тинејџери.

Loading...

Loading...