Тригодишно момче од Романија паднало од 5-ти кат од зграда во Сибиу каде живеело со семејството додека мајка му била во продавница, а сестра му на училиште.
Страшната глетка пред зградата ја забележале соседите кои веднаш повикале полиција и брза помош.
Детето, според извештаите, останало дома „само неколку минути“ додека мајката била во продавницата. За тоа време се качил на прозорецот и паднал од 5-ти кат од зградата.
Прв на помош му дошол сосед од соседниот влез, а по само 3,4 минути од неговиот повик пристигнала полиција и брза помош.
„Излегов до прозорецот да видам какво е времето надвор, бидејќи таму ми виси термостатот, а видов дете кое изгледаше како да паднало од станот“, раскажува соседот.
Мажот веднаш повикал брза помош и притрчал кон повреденото дете.
„Имам внуци на негова возраст, ова ме погоди“, изјавил сосед за Обсервер.
Набргу по немилиот настан, мајката пристигнала пред зградата и го видела своето дете како лежи на тротоарот.
„Слушнав крик, плач, после тоа дознав дека детето паднало од 5-ти кат“, рекол случаен минувач.
Момчето било реанимирано и веднаш во тешка состојба е префрлено во Педијатриската болница.
„Пациентот е во кома, интубиран и на механичка вентилација, но стабилен. Во овој момент не можеме да дадеме прогноза“, велат од болницата.
Полицијата отворила истрага за да се утврди како точно дошло до трагедијата.