Тригодишно дете загина денеска во селото Црквине кај Тутин во соседна Србија. На него налетало теренско возило и смртно го повредило.
Детето веднаш било пренесено во Општата болница во Нови Пазар, каде што бил направен обид за реанимација, но детето од здобиените повреди околу 18 часот починало.
Според неофицијални информации од терен, денеска околу 17 часот детето било прегазено од роднина, кој го вртел теренецот во дворот од куќата, пренесува „Индексонлајн“.
Настраданото дете е од Нови Пазар. Истрагата е во тек.