Извлечено е возилото кое попладнето излета во Вардар во близина село Рашче и од него се извадени телата на три лица.

Возилото кое излета во Вардар во близина с. Рашче е извлечено. Од него се извадени телата на три женски лица. Потрагата по четвртото машко лице кое најверојатно од возилото излетало во водите на Вардар продолжува, извести предмалку директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Претходно МВР информираше дека случајни минувачи донеле четиригодишно дете во ГОБ „Св. Наум Охридски“ кое потоа е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје и е во стабилна состојба.

Во извлекувањето на автомобилот беше вклучена екипа на САЕ Тигар. На местото на настанот се присутни јавен обвинител, полициски и екипи на Итната помош и локални жители.

Несреќата беше пријавена во СВР Скопје во 16 часот и како што соопшти МВР претходно на локалниот пат за с.Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во Вардар.