Украина веќе неколку дена води војна против Русија, а во нападите на воените трупи на претседателот Владимир Путин загинаа многу луѓе, меѓу кои и тројца млади спортисти.

Младиот фудбалер Витали Сапило го загубил животот додека го бранел главниот град на Украина, додека несреќниот Мартиненко загина кога бомба ја погодила неговата зграда.

Животот го загуби и талентираниот 20-годишен биатлонец Јевхен Малишев, кој ја прекина спортската кариера за да се приклучи на војската на Украина.