Тројца туристи од Северна Македонија за малку избегнале давење на плажата „Голем“ во Драч- Албанија. Настанот се случил оваа сабота попладне.
Албанските медиуми пишуваат дека веднаш им била укажана прва помош од други летувалци, крајбрежната стража и полициските службеници од Каваја кои биле дежурни на крајбрежјето. Сите тројца се пренесени во болница, но двајца од нив се во тешка состојба.
Според истите медиуми кои се повикуваат на официјално соопштение на државната полиција, се вели дека државјанинот од Македонија Ш. А., 48, е надвор од животна опасност, додека во тешка состојба се К.А., 66 години, а третиот државјанин, сè уште е неидентификуван, само се знае дека е на возраст од околу 60 години.