Порталот Алмакос дознава од извори во македонското Министерство за надворешни работи дека до руската Амбасада во Скопје е доставено известување за протерување на тројца дипломати кои ќе треба да ја напуштат Македонија, а е протеран и свештеник на Руската црква. Алмакос ги наведува и нивните имиња и тврди дека нивни новинар ги прочитал од самата одлука со која тие се прогласени за персона – нон – грата.

Се работи за политичките советници И.Хропјачков, А.Рождевсдвенски, како и за аташето С.Попов, кои, според сознанијата на Алмакос, врешеле несоодветни за дипломатијата дејства и сомнителни активности, спротивни на Виенската конвенција за дипломатски односи.

На овие лица им остануваат уште пет дена за да ја напуштат земјава. Порталот дознава дека по насока на безбедносни органи е донесена одлука за протерување на свештеникот на Руската црква В.Змеј.

Алмакос потсетува дека Русија практично на Македонија ѝ наметна дипломатска војна откако земјава стана членка на НАТО.