Царинските службеници на граничниот премин Градина во соработка со полицијата спречија жена во долната облека да прошверцува речиси 57.000 евра преку граница.
Случајот бил откриен кога на излезот од државата на контролниот ред пристигнало „порше кајен“ со странски регистарски таблички, со кое двајца патници патувале од Германија кон Турција.
Иако пријавиле само личен багаж и дозволената сума на готовина, при личен претрес во долната облека и градникот на патничката биле пронајдени 56.800 евра. Понатамошна контрола открила уште 18.000 евра во личната чанта на возачот.
На патниците им се вратени по 10.000 евра, кои без пријавување можат да се префрлат преку граница, а за судбината на преостанатата сума од 54.800 евра ќе одлучува надлежниот суд.