Хрватски цариници спречија обид за нелегален увоз на загрозени видови диви животни – две монокл кобри пристигнаа во Загреб од САД, змиите потоа беа ставени во центарот за опоравување на ЗОО, а правно лице од Словенија е казнето, информираа во четвртокот.
Царината соопшти дека заплената е извршена на 30 декември при увозно царинење на Граничната царинска испостава Аеродром и Пошта.
Утврдено е дека за две змии – моноклната кобра (Naja kaouthia) не е приложена дозвола за увоз согласно одредбите од Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови диви животни и растенија (CITES).
Поради прекршување на Законот за прекуграничен промет и трговија со диви видови, правно лице, примачот од Словенија, изречена е глоба во износ од 1.800 евра , како и одговорното физичко лице во износ од 720 евра .
Змиите се сместени во Центарот за рехабилитација на дивиот свет на Зоолошката градина во Загреб.