Позната хрватска компанија бара повеќе работници за работа во производниот погон. Објавија плата и услови.
Станува збор за компанијата Атлантик Цедевита која бара 12 работници за работа на производствената линија во Загреб. Средно образование е услов, искуството не е важно.
Во Цедевита откриваат дека нудат почетна бруто плата од 840 евра или околу 680 евра нето (околу 40.000 македонски денари). Од годинава ова е гарантираниот минимум во Хрватска.
Се работи во две смени, а работодавачот не обезбедува сместување. Пријавите се примаат до 27 септември.