Новинарот од Брчко и сопственик на порталот „Тајмс.ба“ Мирза Дервишагиќ синоќа бил нападнат од непознато лице.

Како што може да се види на фотографиите кои ги сподели на социјалните мрежи, неговото лице е целосно облеано во крв.

Тој изјави дека нападот се случил синоќа на улицата „Марин Држиќ“, кога тој и неговата мајка се враќале дома од семеен собир и забава.

– Лик со фантомка ми пријде одзади додека разговарав со мајка ми и ме удри со железен боксирач во пределот на слепоочницата и аркадата. Го чекаше сиво пежо со БХ регистарски таблички – изјавил тој.