Локалниот струмички портал Струмица Денес, вечерва објави дека веќе една недела нема ни трага ни глас од младото момче од Струмица, Марко Давчев.

– СПОДЕЛУВАЈТЕ: ФАМИЛИЈАТА МОЛИ ЗА ПОМОШ – ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО ИСЧЕЗНА МАРКО ДАВЧЕВ ОД СТРУМИЦА! 🚨 Од Марко Давчев нема ни трага ни глас веќе една недела. Доколку имате било каква информација, пријавете во полиција!, објави порталот на својата официјална Фесјбук страна.

Засега не се познати повеќе детали за исчезнатото момче, повеќе информации очекувајте во текот на утрешниот ден.

Го пренесуваме овој апел со надеж дека момчето ќе биде пронајдено.