ЧЕТИРИ лица од Србија, од кои две малолетни, загинаа во страшна несреќа што се случи синоќа околу 20:30 часот на главниот пат Прњавор-Дервента во Штрбци во БиХ, јавуваат регионалните медиуми.
Во сообраќајната незгода учествувало „пежо“, кое го управувало лице чиј идентитет подоцна ќе се утврдува, а другиот учесник во несреќата бил Бобан Ѓ. (26) од Прњавор, кој управувал автообил марка „Пасат“.
– Според првите информации, се сомнева дека се работи за семејство – изјави изворот на Српскаинфо.
– Во сообраќајната несреќа загинаа четири лица кои се наоѓале во возило „Пежо“. Истрагата на лице место ја спроведе дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство Бања Лука, Синиша Врањеш, заедно со полициски службеници од полициската станица Прњавор“, соопшто обвинителството од Бања Лука.
Обвинителот нареди да се преземат сите потребни истражни дејствија и мерки, како и вештачења за утврдување на сите околности на сообраќајната незгода.