Ако спаѓате во групата на луѓе кои се екстремно иритирани од шишиња со капачиња што не се отстрануваат, погледнете го трикот кој привлече милиони прегледи. Истиот беше објавен од корисник на TikTok и предизвика многу реакции.

„Сите цело време погрешно ги отворавте“, напиша тој и покажа како всушност се отвораат овие шишиња.

Кога ќе го отворите шишето, треба да го префрлите капачето на другата страна. На тој начин нема да ви пречи капачето додека го пиете пијалокот, на што многумина се пожалија кога станува збор за новото пакување. Трикот воодушеви милиони, многумина напишаа дека е одличен, додека други истакнаа дека може да се примени на сите шишиња.

„Капачето го извртувате, го кинете и пиете како секој нормален човек“, „Морам да го пробам ова“, „Се прашував кој ќе направи капаче што постојано ми удира во носот“, „И секогаш сум нервозен што ми удира во нос“, „Преферирам да пијам од нормално шише без капаче, ова ме полудува“, „Ви благодарам, овие капачиња навистина ме нервираат“, се само дел од коментарите.

Да потсетиме, од овој месец, сите земји од Европската унија мораа да ги укинат капачињата кои можат да се одвојат од пластичните шишиња до три литри и да ги заменат со капачиња што не се откачуваат. Целта е да се намали количината на пластичен отпад, поради што можете да го ставите заедно со шишето во центри за рециклирање и места определени за него.

@sroche2 This whole time weve been doing it wrong! #pov #doingitwrongthiswholetime #newbottle #bottletop #fyp #fy #viral ♬ original sound – Dude Dad