За нашата позната ТВ водителка и влијателна инфлуенсерка Лила Филиповска сме виделе и прочитале многу кога нејзината приватност е во прашање. Таа е ултра експинирана во јавноста, што е разбирливо  надополнување на она што таа го работи.

На тоа автоматски се налепува и моментот дека луѓето секогаш ќе бидат љубопитни да видат и дознаат нешто повеќе за нејзините најблиски.

Синот Филип  не ги избегнува своите јавни појавувања, па доволно знаеме за него и тоа дека е многу приврзан со мама.

Неодамна по повод роденденот на мајката на Лила, ги видовме семејно собрани, таму беше и нејзиниот брат, а на семејниот портрет недостигаше нивната сестра која живее во Шведска – земјата каде наедно живееле додека таа имала 12 години.

Марина, постарата сестра на Лила својот живот со сопругот и ќерките го продолжи таму, а нивната драга позната сестра и тетка не ретко знае да ги посети, да ги израдува, да споделат љубов, да создадат нови спомени, но и да се навратат на старите од детството.

Лила и Марина иако живеат на илјадници километри далечина, тие секогаш останале поврзани, макар и преку телефонски разговор од кој ќе си поприкажат блиски сестрински муабети.

Како вечен патник, сигурни сме дека во агендата за 2025 година Лила повторно го стави нејзиниот Гетеборг кај најдрагите.