И покрај забавувањето на инфлацијата, цената на важен прехранбен производ во Хрватска продолжува да расте.

Минатата недела просечната цена на лукот на пазарите беше 7,36 евра за килограм, што е за 1,5 отсто повеќе од претходната недела. На пазарот во Пожега лук се продавал за цели 12,5 евра! (околу 750 денари)

На пазарите во Загреб минатата недела просечната цена беше 7 евра, во Бјеловар 6,5 евра, во Копривница 7,5 евра, во Чаковец 8 евра, а во Вараждин 10 евра за килограм.

Цената на лукот со години континуирано расте, поради драстичниот пад на домашното производство. Споредено со истата недела лани, килограм лук на маркетите е во просек поскап за 17 отсто, а во однос на лани поскапува за 24 отсто.

Според податоците на Министерството за земјоделство, Хрватска во 2008 година – последната година пред влезот во ЕУ, произвела околу 36.000 тони лук, а претходната година помалку од 17.000 тони. Ова е пад од неверојатни 53 проценти.

Најмногу лук, очекувано, доаѓа на хрватскиот пазар од Кина, која е веројатно најсилниот светски производител на овој зеленчук. Според последните податоци, Кина држи дури 70 отсто од светското производство на кромид и лук.

Увезениот лук во продавниците е поевтин од локалниот лук на пазарите. Денес, на пример, килограм лук од Кина се продава во Конзум за 5,99 евра. Тоа е за околу 20 отсто поевтино од просечната пазарна цена минатата недела.