Српските пејачи заработуваат огромни суми на настапи, а моментално најплатени рапери од помладата генерација се Михајло Веруовиќ – Војаж, Игор Паниќ – Нучи, групата Црни Церак и Давид Љубеновиќ, попознат како Девито.
Според локалните медиуми, менаџерите на клубовите се подготвени да платат и до 15.000 евра за нивните настапи.
– Војаж, Нучи, Девито, но и момците од групата Црни Церак денеска се меѓу најплатените и за кратко време цената на нивните настапи вртоглаво порасна. Денеска земаат и до 15.000 евра, во зависност од тоа во кој локал настапуваат, а тие бројки до пред некоја година им беа мисловна именка. Младите најмногу ги сакаат, па газдите и менаџерите не штедат пари да ги донесат за да направат незаборавен настап – вели изворот и додава:
– На сцената има пејачи кои земаат седум-осум илјади евра, и пеат две децении. Таков е случајот со Индира Радиќ, Катарина Остојиќ, Стоја Новаковиќ, а на некои што се дури и подолго земаат помалку.
Теа Таировиќ пееше за 1.600 евра, а сега за 20.000 евра
Сепак, најголемиот раст за кратко време го направи Теа Таировиќ, чија цена сега достигнува и до 20.000 евра. Кога почнала да пее тезги, склучила договор со тим музичари за 1.600 евра.
Цеца има највисок хонорар
Сопствениците на клубовите тврдат дека Светлана Цеца Ражнатовиќ и понатаму е нивниот најголем хонорарец. На црногорското приморје е најпопуларната дискотека во Будва, каде што е познато дека секоја година по некој фолкер оди да пее.
Во распоредот до средината на август, од почетокот на летната сезона, еднаш имала десетина тезги, што значи дека Цеца наводно само од нив заработила половина милион евра.