Неодамна во Белград се одржала премиерата на долгоочекуваниот филм „Недела“, посветен на животот на легендарниот пејач Џеј Рамадановски, а меѓу многуте познати личности, на црвениот тепих прошетала и Цеца, која ја пее главната нумера во филмот, пренесува република.рс.

Но,, како што пишува република.рс, пејачката таа вечер ја изненадила јавноста со својот физички изглед.

Додека давала изјава камерата ја фатила во непријатна положба, па сите можеле да ги видат нерамнинит на нејзиното лице. Фотографиите веднаш почнаа да кружат на социјалните мрежи.

И додека повеќето биле во чудо, не знаејќи што се случува со лицето на Цеца, некои заклучија дека станува збор за лоши филери кои испопукале, додека други веруваат дека музичката ѕвезда само била фатена од камерата под лош агол и светлина.

„Што се случува со нејзиното лице, какви дупки се овие“, „Слабо направено фејслифтинг, мигрирани филери“, „Дали е ова лузна од фејслифтинг“, „Можеби е само лоша светлина и таков агол на камерата“, „Како за себе не го избрала најдоброто за себе, а може“, „Луѓе, што е ова, во шок сум“, „Имав можност да бидам во нејзина близина пред два месеци, ова нема врска“, се само некои од бројните коментари под објавата кои брзо го обиколија интернетот.