Синоќешното издание на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ заврши со неочекувана одлука на директорот на ова натпреварување Саша Поповиќ.
Имено, синоќа беше емитувано четвртфиналето, на кое настапија 10 машки и 10 женски изведувачи. 10 од нив поминаа директно во полуфиналето, додека останатите 10 пееја во баражот, по што две лица требаше да бидат исфрлени и да го напуштат натпреварувањето.
Сепак, со лична одлука на Саша Поповиќ, на крајот следеше неочекувана разврска. Откако 5 машки и 5 женски изведувачи настапија во баражот, сите како и обично се наредија на сцената и очекуваа одлука кои двајца од нив нема да влезат во полуфиналето.
Но, Поповиќ ги израдува со одлуката. Додека поради повредената нога водителот Војо мораше да го турка во фотелја на сцената, Поповиќ донесе одлука ниту еден да не испадне и сите 10 да се пласираат во полуфиналето.
Објаснувањето на директорот на Гранд беше дека сега не може да одлучи кој да го напушти натпреварувањето, па затоа сите ги „пушта“ во полуфиналето, каде ќе треба да излезат по двајца машки и две женски натпреварувачки, па во финалето ќе останат вкупно 16 изведувачи.
Оваа неочекувана одлука на Поповиќ наиде на воодушевување кај пејачите, кои не криеја дека се презадоволни од ваквиот развој на настаните.
Како тоа всушност изгледаше погледнете на крајот од видеото: