Црн ден за македонскиот ракомет. Откаку утринава беше објавено дека прерано згасна живото на 19. годишниот ракометар на Аердром, Андреј Петрески, пристигна и информацијата дека на 50. годишна возраст почина Гпран Станковиќ.

Станковиќ беше поранешен ракометар и ракометен работник. Долги години беше дел од раководството на ракометниот клуб, Јуниор Кисела Вода. Неговиот глас беше најмногу препознатлив од натпреварите на Металург во Автокоманда и „Борис Трајковски“, каде што беше најавувач на натпреварите.

„Живееше гласно, замина мирно и тивко. Беше важен дел од Металург, ќе останеш засекогаш. Никогаш не се штедеше во поддршката, за тоа ти благодарам до вечноста“, напиша претседателката на Металург, Зорица Блажевска.

Станковиќ долго време беше дел од раководната структура на Јуниор Кисела Вода. Претходно тој се претстави на ракометниот свет како најавувач на натпреварите на Металург. Неговиот глас ги водеше фановите на трибините во „Автокоманда“, а пред сè во „Борис Трајковски“ кога силниот Металург играше во европската елита.