Вечерва, околу 20:30 часот, на националната арена „Тоше Проески“, се случил обид за вооружен грабеж во продавницата за бела техника „Нептун“.

Според информации од терен, маскирани лица се обиделе да го одземат дневниот промет од продавницата, при што биле испукани неколку куршуми.

„Вооружен грабеж во Нептун на стадион вечерва. Језиво. Маскирани целосно во црно, со маски и оружје. Се разбегавме кој каде знае. Изгледа ги фатиле“, пишува на социјалната мрежа твитер, еден од очевидците на настанот.

Министерството за внатрешни работи го потврди случајот.

„Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вечерва лишија од слобода две лица кои малку пред тоа извршиле разбојништво во продажен објект во градскиот парк. Веднаш по добиената пријава, беа преземени соодветни мерки и активности. Сторителите се лишени од слобода и во содејство со ОЈО ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од полицијата.