Момче (10) почина во саботата вечерта во населбата Бродски Варош во Славонски Брод.

Хрватските медиуми утрово објавуваат дека повредите настанале од скршено стакло при детска игра.

Екипата на итната медицинска помош интервенирала, но момчето не можело да се спаси.

Од полициската управа Брод-Посавина го потврдија настанот кој кај нив бил пријавен во 20 часот.