Интерпол распиша потерница по Џонатан Емануел Кардона Кастиљо, водачот на екстремната еврејска секта Лев Тахор.

Дел од членовите на оваа секта престојуваа и во Мамедонија на почетокот на 2022 година, кога беа забележани во охридско и кумановско.

Гватемала го бара Кастиљо под обвиненија кои вклучуваат трговија со луѓе, силување и злоупотреба на малолетници. Интерпол по него распиша црвена потерница.

Инаку, тој е државјанин на Гватемала, каде што се наоѓа Лев Тахор, и на Ел Салвадор, а зборува хебрејски и шпански, се вели во соопштението.

Асошиетед прес потврди дека Кастиљо е лидер на Лев Тахор, повикувајќи се на полицијата и обвинителството во Гватемала.

Членовите на Лев Тахор се обвинети за тешки кривични дела, а многу од нив се протерани од бројни земји во светот, а претходно биле осудени за киднапирање деца, педофилија, силување, малолетнички бракови и злоупотреба на деца.