Полицајците во Цриквеница (населено место кое се наоѓа на Јадранското Море во Приморско-горската жупанија во Хрватска) деновиве имаа задоволство да се сретнат со германски турист кој на полицијата ѝ предал пронајден паричник со повеќе од 1.000 евра и лични документи.

Имено, 58-годишен германски државјанин околу 18.00 часот на улицата „Ивана Скомерже“ во центарот на Цриквеница пронашол изгубен паричник со пари, банкарски картички и документи (лична карта и возачка дозвола). Чесниот пронаоѓач веднаш го предал паричникот во полициска станица со надеж дека сопственикот ќе биде пронајден што побрзо, што на крајот и се случило.

Бидејќи во паричникот имало лични документи, полицијата набрзо го пронашла сопственикот, исто така германски државјанин, кој невнимателно го испуштил паричникот на патот, но за среќа го нашол негов чесен сонародник.

Овој чесен пример живот уште еднаш не потсетува дека секогаш има чесни и добронамерни луѓе чии постапки треба да се пример за нас останатите, дека добродушноста и чесноста опстојуваат и нема алтернатива или цена што би можела да ги замени.

Вработените во Приморско-горанската полиција и среќниот сопственик му се заблагодаруваат на германскиот гостин за неговата чесност и искрен гест со кој помогнал Хрватска да остане безбедна туристичка дестинација, пишуваат хрватските медиуми.