49-годишен британски турист во Грција е хоспитализиран во исклучително критична состојба на Одделот за интензивна нега во болницата „Венизелио“, откако е сериозно повреден во Херсонисос кога беше згмечен од дел од стаклен балкон.

Инцидентот се случил во петок попладне кога 49-годишниот Британец шетал по улицата со својата сопруга. Одеднаш, поради силните јужни ветрови што преовладуваа, дел од стаклен балкон паднал и сериозно го повредил.

Според информациите, 49-годишникот се здобил со сериозни повреди по телото и повреди на главата и бил итно префрлен во болница.

– Лекарите го ставија на операција и му ја отстранија слезината. Втора операција е извршена за повредите на главата, вели директорот на болницата, Костас Дандулакис за ekriti.gr .

49 -годишникот има и проблем со еден од пршлените и неговата состојба се опишува како исклучително критична.