Пожарот што избувна утрово во областа Писак и Марушиќи, источно од хрватскиот град Омиш, се шири, а пожарникарите не се во можност да го контролираат и спасуваат куќи што се во опасност, соопшти за Хина пожарникарскиот оддел на Омиш.
Автомобили изгореа во пожарот, а пожарникарите спасуваат куќа по куќа. Туристите бегаат од местата Писак и Марушиќи.