Бројот на загинати во сообраќајната несреќа на патот Прилеп – Битола се искачи на три. Како што јавуваат локалните медиуми тројцата загинати во несреќата се жители на Прилеп, а едно лице е повредено. Доаѓаат контрадикторни информации за несреќата, а според последните информации на ТВ 21, настрадале тројца лекари, но информациите се непотврдени.
Тешката сообраќајна несреќа се случила утрово пред 8 часот на патот Прилеп – Битола на излезот од градот, во близина на селото Лагово.
Од АМСМ известуваат дека е случена сообраќајна незгода во 08,00 часот на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај клучка„Лагово“.
Од медицинската помош известуваат дека повикот го примиле околу 7:45 часот. Според првичните информации од началникот на Итната медицинска помош од Прилеп, Боше Милошески, повикот до екипата го примила околу 7:45 часот и на лице место е констатирана смрт на тројца прилепчани, а додека со повреди се здобил возачот на камионот.
Сепак, ТВ 21 излезе со нови информации кои се контрадикторни на првично објавените.
– Во несреќата се загинати три лица, за кои се вели дека се лекари, објави ТВ 21.