Вчера околу 11 часот во близина на Третата белградска гимназија (тоа училиште е спроти ОУ „Владислав Рибникар“) е пронајдена капа на која како значка е прикачен куршум од пиштол). Полицијата веднаш реагирала и го одзела споменатото капче, а била извршена и истрага.

Во меѓувреме во полициска станица дошол сопственикот на капачето Ф.А.(30). Тој изјавил дека во текот на ноќта од сабота кон недела бил во кафе бар со пријател и дека најверојатно ја изгубил капата на пат кон дома.

– Рече дека капчето го купил пред неколку години во Австрија. Капчето е означено со ознака „ghetto sport by masculine“, а куршумот е во рамките на логото на брендот. Станува збор за пластичен куршум. Сопственикот на капата изјавил дека немал лоша намера, ниту пак да остави некаква порака. За инцидентот полицијата го известила надлежното Обвинителство – вели изворот на „Блиц“.

Да потсетиме, незапаметената трагедија во Србија се случи на 3 мај во белградското основно училиште во Врачар, кога ученик од седмо одделение со пиштолот на својот татко влегол во училиштето „Владислав Рибникар“. Тој пукал во училишниот чувар Драган В. и дежурните ученици, а потоа влегол во просторијата за историја каде убил петмина негови врсници и ја ранил наставничката по историја и уште шест ученици. Во овој напад загинаа девет ученици заедно со Драган В., училишниот чувар.