Мајстор за клими од Велес, на возарст од 26 години, вчера бил приведен откако извршил кражба во домот на клиенти кои го повикале да им го замени клима уредот.

Тој го искористил моментот кога сопственикот излегол надвор и украл пари и накит. Во кражбата учествувал и неговиот помошник.

-На 20.12.2023 во 20.15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.Г.(26) од Велес. Тој се сомничи дека со уште едно лице во куќа во Велес, каде што извршувале промена на клима уред, одзеле пари и накит.

Според пријавеното, тие искористиле прилика и го извршиле делото кога сопственикот излегол од куќата- соопштија од СВР Велес.

Од таму додаваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.