Во Србија е уапсен маж кој во емисијата „По ручек“ во живо на телевизија „Хепи“ се заканувал дека ќе ги убие сопругата и ќерката.
Тој е донесен во просториите на полициската управа во Краљево, а во тек е понатамошна работа на случајот, потврдија за Телеграф.рс од полицијата.
Да потсетиме, за време на емисијата „После ручек“ на телевизија Хепи, имаше вознемирувачки телефонски повик, кога маж, кој се претстави како Миша од Краљево, изјави дека „сериозно размислува да ги убие сопругата и ќерката“.
– Би ја убил сопругата, но повеќе би сакал да го убијам детето …. Би сакал да го направам тоа од се срце и сериозно да размислувам за тоа… Ако ја убијам жената, ќерка ми едвај би дочекала да го продаде станот, па повеќе би сакал да ги убијам двете – рекол мажот од другата страна на телефонската линија кој тврди дека сопругата и ќерката, како што рече, го избркале од станот што лично го добил.
– Никогаш во животот не сум ги удрил, спиев кога дојде полиција – рече тој и додаде дека го пријавиле за семејно насилство.
Тој во емисијата во живо го кажа целото име и додаде дека молел да биде примен во старечки дом бидејќи, како што вели, откако бил избркан од станот, не можел себеси да си плати за соба.