Полицијата во Бања Лука уапси маж кој снимал жена додека вршела нужда на јавно место, во центарот на градот, во близина на Народниот театар. Таа се самоуби откако видеото беше објавено на социјалната мрежа Х.

Мажот М.М. е уапсен за кривично дело „Неовластено објавување и прикажување туѓи списи, портрети и снимки“, јавува АТВ.

По документирање и комплетирање на случајот во Окружното јавно обвинителство Бања Лука, против него ќе биде поднесена пријава за стореното кривично дело.

АТВ пишува дека по објавувањето на снимката жената била бомбардирана со бројни навредливи коментари на социјалните мрежи, а добила и навредливи пораки. Семејството сега сака да открие кој и ги испратил овие пораки. На крајот, таа се самоуби.