Ноќеска во 04.00 часот полициски службеници од СВР Битола во старата битолска чаршија во ноќен клуб во врска со член 396 од КЗ ги лишиле од слобода три лица на возраст сите на возраст од 25 години, сите од Битола. При преглед кај нив бил пронајден пиштол.
Лицата се приведени во полициска станица Битола и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
На 07.12.2024 во 13.45 часот полициски службеници од СВР Битола, на ул. “Филип Втори Македонски“ го лишиле од слобода 46 годишник од Битола, бидејќи кај него биле пронајдени пиротехнички средства. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.