Светот на кошарката е во шок по веста дека е убиен некогашниот НБА играч Едријан Пејн. Кошаркарот кој бил дел од екипите на Атланта, Орландо и Минесота, бил убиен денеска во Мајами, потврди тамошната полиција.
Убиството на Пејн е само неколку дена пред кошаркарот да замине во Катар, каде требаше да заигра за својот нов клуб Ал Сад.
Пејн во Атланта играше во периодот кога меѓу Јастребите беше и единствениот Македонец кој заиграл во НБА лигата, Перо Антиќ. Во 2014 година се случи еден немил настан на тренинг на Атланта, кога Пејн со лакт ненамерно му го скрши носот на Антиќ.
Освен во НБА, Пејн играше и во Европа и беше дел од неколку евролигашки екипи, но најдобар период помина во дресот на Панатинаикос.