Врската со нејзиниот убиец, 56 годишниот кочанчанец У.Р. за 43 годишната мајка на 3 деца од Кочани Т.М. за неа била најголема, а сега се испоставува и кобна грешка во животот, откако утринава со 40 убоди од нож таа е убиена пред својот дом, објави Телевизија Стар.
– Направив голема, голема грешка во животот впуштајќи се во врска со него. Се’ би дала во животот тоа да не се случеше, но ете згрешив и се случи, се доверувала Т.М. на својата блиска пријателка
Освен неброените пари во изминатите седум години кои била принудена да му ги дава на својот убиец, Т.М. секојдневно се плашела за нејзиниот живот.
– Ми се заканува и ден и ноќ, не можам да работам, да спијам да живеам. Ме прогонува страв и срам, немам сила да се борам и многу сум исплашена. Не знам сето ова кога и како ќе заврши, се жалела убиената Т.М.
Од друга страна, осомничениот за убиството, 56 годишниот У.Р. бил вработен као пеглач во кочанската конфекција „Амор“. Бил силно погоден од раскинот на врската, постојано ја следел, а честопати и бил пред нејзината куќа. Тоа што таа го пријавила него воопшто не го загржило, бидејќи наводно тој бил болен, односно имал рак на простатата, објави Телевизија Стар.
– Јас нема да живеам, но нема да живее и таа, често се заканувал осомничениот. Свирепото убиство денес го потресе Кочани и цела Македонија.