Регионалната јавност беше шокирана од нов случај на фемицид откако Емира Маслан (31) беше брутално убиена од нејзиниот невенчан сопруг Анел Беќировиќ (34) во Сараево.

Овој трагичен настан се случил пред очите на нивниот четиригодишен син. Беќировиќ откако ја убил сопругата, со себе во станот го однел и синот, поради што преговорите со полицијата продолжиле по неговото лоцирање, за да се спаси детето.

На крајот бил уапсен од припадниците на Специјалната единица на МУП на кантонот Сараево. Тој денеска е донесен на распит во просториите на МУП на КС.

Адвокатот на Беќировиќ, Омар Мехмедбашиќ, на новинарите им изјави дека тој и претходно имал проблеми со сопругата. Имал и досие, на полицијата и бил познат …